Friday, February 22, 2013

Констанц

Констанц е град со над  80.000 жители и се наоѓа во јужниот дел на Германија. Единствен е по тоа што е најголем град што излегува на Боденско езеро. Овој град всушност претставува граница помеѓу Германија и Швајцарија и низ градот поминува и веќе познатата река Рајна.  Градот освојува со интересна архитектура, со интересни музеи , знаменитости и со самата култура на населението кое живее таму.Градот е познат уште и како еден од универзитетските градови во Германија, бидејќи Универзитетот во градот е еден од најелитните во државата, па поради тоа можат да се чујат скоро сите светски јазици таму бидејќи е доста посетен од студенти од цел свет. На улиците на Констанц можат да се сретнат многу уметници кои на самиот град му даваат посебен белег и секако неизбежен е и мирисот на Brezel со путер (како перек кај нас). Мх мх мх... :)



















Thursday, February 21, 2013

Германија 2012


Минатава година за мене беше една од поубавите години : ) . Имав доста патувања низ нашава мила земја , но и во странство.  Прво бев во Истанбул на теренска екскурзија преку факс и потоа бев во Германија поточно во Биберах (и останав цел месец!),тоа е мало градче во близина на Минхен. За градот имам навистина да кажувам многу, но поубаво би било доколку го посетите. Шетав и низ доста градови така да во наредните постови ќе имате што да видите и за Констанц , град кој се наоѓа на самата граница помеѓу Германија и Швајцарија.
  Доколку имате можност обавезно да ги посетите !!! :)









Пс. Германија не е тоа тоа доколку не ги пробаш сите благи работи !  : )