Wednesday, May 15, 2013

Istanbul

Истанбул познат како градот кој лежи на два континента , европа и азија, е град кој освојува со неговата историја, со прекрасните мали кафулиња покрај босфорот, и преубавата архитектура. Имав можност да го посетам овој град пред една година каде што бев да го посетам саемот за туризам кој воедно е еден од поголемите саеми во европа , па дури и во светот. При влезот во градот сите згради и куќи ми беа некако исти и за момент се запрашав зашто дојдов?! . Но подоцна како се приближувавме кон центарот моето мислење се менуваше. Бев сместена во Taksim во добар хотел. На неколку метри бев далеку од познатата Капали Чаршија. Кога сум веќе кај чаршијата значи таму можеш да најдеш работи по 90 евра (кожни ташни), но можеш да се исценкаш за истите и да ги земеш за 20 евра :)). Имав можност да го посетам Topkapi сарајот на Султан Сулејман, Сарајот на Ибрахим Паша, Амамот на Хурем Султан, Долмабахче, Стадионот на Бешикташ и многу други места. Но мене лично најмногу впечаток ми остави Босфорот ...аххх... каде што од сите страни можете да најдете продавачи на гевреци. Кафето на Босфор е вистинско уживање. Доколку сте во можност обавезно да го посетите ! 






















No comments:

Post a Comment